Елмас: Секој фудбалер со затворени очи би потпишал кариера како на бате Пандев

788

Покрај на капитенот Горан Пандев и името на Ељиф Елмас може да се забележи на сите европски медиуми кои го најавуваат 16-то Европско првенство во фудбал. Од нашиот „дијамант“ се очекува да блесне на тревникот во Букурешт и Амстердам и да биде едно од најпријатните изненадување на континенталниот собор.

Во најавата на УЕФА за Македонија, Елмас тврди дека е подготвен за овој предизвик, а испрати и пофални зборови за Пандев и вели дека секој фудбалер со затворени очи би потпишал кариера како неговата.

„Пандев направи многу за Македонија. Тој е успешен во Италија, но и во светот. Секако дека секој играч со затворени очи би потпишал кариера како Пандев. Одигравме за него и за цела нација. Нашите сонови не беа така важни како тој на „бате Горан“. Знам дека е тешко да се пробиеш со Македонија, но јас сум спремен“, рече младиот ас на Наполи.

Покрај Елмас и Пандев, Македонија во својот состав има уште многу квалитетни фудбалери, кои се подготвени повторно да изгинат за националниот дрес.