Досега тој е еден од најинтригантните ликови кои што ја освои публиката – Професорот од популарната серија „La casa de papel“, а чие продолжение ќе може наскоро да го гледаме на малите екрани.
Шпанскиот актер Алваро Монте, на светот кој што го зафати пандемијата коронавирус, а особено Италија, му испрати порака со легендарната песна како симбол на револуција и борба на сите оние кои што се наоѓаат во карантин, како и на сите оние кои што се борат со оваа нова опасна болест.
Во името на таа борба, песната која што ја обележа и серијата, но и сите кризни ситуации низ историјата и стана симбол на бунт, на многумина им значи морална поддршка.
Песната на италијанските партизани која што настана за време на Втората светска војна, „Bella Ciao“, имаа можноста да ја слушнат обожавателите на Мортео во негова интерпретација.
„Беше многу кул да разговарам со вас. Многу ви благодарам што бевте тука, би сакал да можев да ви одговорам. Се надевам дека карантинот стана малку поднослив“ – им напишал Алваро на оние кои што го гледале.