Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин во која беше уапсена македонската актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.
Македонската актерка, според сознанијата на полицијата на Македонија и на Шпанија кои заедно ја работеле акцијата подолг период, за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10.000 евра од непознато лице.
За шверцот бил ангажиран и неговиот брат, кој е резидентен жител на Белгија, бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ.
Инстукциите и начинот на шверцот бил договаран на директни средби во многу градови вклучувајќи го и Скопје, но и преку интернет-комуникација со висока заштита.
За транспортот на дрогата биле исплатени 850.000 евра.
Акцијата ја работеле полициски штабови во Скопје и Мадрид.
-С.С. по инструкции на сопругот направила резервација на апартман и го платила со сопствена картичка и отпатувала во Шпанија и подигнала 10.000 евра од НН лице. Во симултана операција лишување од слобода истовремено се уапсени лица во Шпанија и Скопје и било запленето комбе со 700 килограми кокаин, појасни министерот Оливер Спасовски.
За сите е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со наркотични средства и сите имаат притвор. На Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












