Папараците веднаш ја фотографирале наследничката на Белучи
Францускиот актер Венсан Касел пред неколку месеци се оженил со 31 година помладата манекенка Тина Кунаки.
Парот сега го очекува првото заедничко дете, а среќната вест ја објавиле преку видео од одморот во Бразил, на кое за првпат можел да се види трудничкиот стомак на убавата манекенка.
Среќниот пар сè уште е на одмор, но не се сами. Со нив е и Дева (14), ќерката на Венсан од првиот брак со италијанската актерска дива Моника Белучи.
Таа уживала во морските авантури со татко ѝ и маќеата, а особено ѝ се допаднал педалбордингот.

Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавност со своите познати родители, папараците ја искористиле приликата конечно да ја фотографираат и тоа во костим за капење.
Дева е постарата ќерка на Моника и Венсат, а освен неа, во бракот добиле уште едно девојче, Леона, која сега има осум години.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















