Експерт за говор на телото открива: Дали Меган Маркл е бремена или уште се чека кралското бебе?

982

Обожавателите веруваат дека наскоро ќе се појави објава за уште една кралска бременост, а оваа вест дополнително била вжештена од страна на Меган Маркл која минатиот месец се појавила во фустан преку кој, наводно, ѕиркало заобленото стомаче.

Сепак, подоцна излезе дека тоа било само ветер кој дувал во тој момент и направил војвотката да изгледа како да бремена.

Џуди Џејмс, експертка за толкување на говорот на тело, открила дека Меган во последно време многу често ги става рацете врз стомакот што укажува на тоа дека можеби е бремена, но фактот што кон крајот на месецот заедно со Хари ќе патува во Авастралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонго, сепак укажува на тоа дека кралското бебе нема да стигне толку брзо.

Постои обичај кај познатите дами, особено од кралското семејство, да се обидуваат што е можно подолго да ги задржат ваквите вести во тајност. Но со оглед на тоа што Меган е доста отворена кога е во прашање говорот на телото, се верува дека бременоста ќе се открие малку порано одошто е вообичаено за кралската традиција.