Ова е вистински мамурлак: Тинејџери од Британија се испијаниле, а следното утро се разбудиле во авион кој слетувал во Барселона

710

Двајца тинејџери од Англија завршиле во Барселона после бурна ноќ во градот која излегла надвор од контрола, а сфатиле што се случува дури сабајлето во авион кој само што слетал во шпанскиот град.

Тара Хамерслеј (19) и Џек Месер (19) уживале заедно додека биле излезени во Сасекс, а во еден момент отишле на аеродромот Гетвик да купат храна.

Во тој момент Џек одлучил да резервира две карти за Барселона, едно спонтано патување во странство. Тара тврди дека не се сеќава на ништо од аеродромот, а кога се разбудила била во авионот кој слетувал во Барселона.

Пријателите поминаа 4 дена во Барселона, а Тара со себе немала ниту пари ниту облека освен она што го носела кога изегле во Сасекс.

“Кога пристигнавме на аеродром веројатно одлучивме дека би била одлична идеја да одиме на одмор, можевме да заминеме и до Мароко”, рекла Тара.

“Се разбудивме во авион и немавме поим каде одиме. Мислев дека умрев и заминав во рајот, но не го замислував така. И двајцата бевме збунети некое време, а тогаш се сетив дека резервирав карти за Барселона. Започнавме да се смееме”, рекло момчето.