Позитив на денот: Хана ужива со тукушто роденото братче Дарен (ФОТО)

1273

Пејачката Тамара Тодевска пред само неколку дена на свет го донесе своето второ дете, синчето Дарен, но се чини дека неговата постара сестричка Хана најмногу се радува на неговото раѓање.

Денеска е денот кога среќните родители ќе си го земат своето новороденче дома, но и Хана со широка насмевка на лицето дојде по бато. Во кратките инстаграм приказни Тамара постави преслатка снимка на која хана се обидува да го погали своето братче и вели дека е пресладок како и дека многу го сака.

Пејачката навистина доби кралски третман во болницата па така пред поаѓање за дома доби дури и фризура за нејзино разувабубање, а викендов кој што помина со нејзиниот сопруг Александар можеа да уживаат и во свечена вечера.

Мама Тамара е пресреќна мајка а на Дарен му посакуваме дол живот исполнет со среќа.