ЗАЕВ: Им нудам на ВМРО-ДПМНЕ заедно да формираме Влада, како во Германија

216

Премиерот Зоран Заев на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ѝ нуди заедно да формираат Влада. Меѓутоа, според него, моменталното раководство на опозициската партија не сака да разговара и преговара со власта.

Ова Заев го кажал во интервју за Слободен печат.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Сѐ што можеме да направиме, да направиме. Дефинитивно мора да имате човек од другата страна да разговарате. Јас овде ќе кажам дел од новата политика, мислам дека имам толку почит во СДСМ, да го поминам тоа е да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. Но, да има човек со кого ќе можам да разговарам, а со Мицкоски не се разговара“, вели Заев.

Целта на оваа влада би била да се департизира администрацијата и да се сузбие клиентелизмот во судството.

„Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата. Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам првпат оваа можност. Но, се е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам.  Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш“, рече Заев.