Единствена венчавка во историјата: Наташа и Алекса рекле “да” во морските длабочини

646

Накратко ги извадиле маските за да се бакнат, а потоа имале и романтичен танц.

Рускиот пар, Наташа и Алексеј, го кажале, поточно го покажале судбоносното “да” во прекрасните води во Хугарда, Египет.

Двајцата се дотерале како што наложува редот, а потоа, заедно со матичарот, земале опрема за нуркање и нурнале во дното на морето.

Секако, немале можност да одговорат дали “се земаат”, но наместо тоа, на табли напишале “да”. Невестата дури и успеала да се пошегува и да ја заврти таблата на погрешната страна, на која пишувало “не”.

Накратко ги извадиле маските за да се бакнат, а потоа имале и романтичен танц.