Ѕвездата од „Игра на тронови“ храбро за својата болест: „Мислев дека моето време истече!“

0
100

Една од главните актерки во хит серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк, во есејот кој го напишала за „The New Yorker“, ја открила болната вистина за својата болест, односно за двата мозочни удари кои ги преживеала во период од две години.

Овој несреќен случај, првпат се случил во 2011-та година. „Се облекував во соблекувалната на теретаната и тогаш почнав да чувствувам силна главоболка. Бев толку уморна од неа, што едвај ги облеков патиките. Кога почнав да вежбам, морав сама да се натерам да ги завршам првите вежби… Не го завршив тренингот докрај, туку се ‘одвлечкав’ до соблекувалната, каде повторно почнав да се чувствувам како некој да ми ја стега главата со еластична трака“, напишала Кларк.

Тој ден го доживеала првиот мозочен удар и завршила на операција. Но, станувало збор за поблаг удар и после само неколку дена се вратила на работа.

Во 2013-та година актерката доживела уште еден, овој пат значајно потежок и посилен мозочен удар.

Втората операција била неуспешна, па Кларк била подложна на трета, многу ризична операција: „Овој пат мора да стигнат до мојот мозок на старомоден начин – преку черепот. Операцијата не можеше да чека.“

После долгото опоравување, Кларк се вратила на работа и успешно ги завршувала сите обврски додека еден ден повторно не почнала да чувствува болка посилна од било кога.

„Мислев дека е готово. Тоа е тоа, моето време истече“, се присетила Кларк. Но, за среќа, не била потребна четврта операција и Кларк со помош на докторите и терапијата, успеала потполно да се опорави.

Токму затоа, поради својот трнлив пат, Клар основала организација под името „Same You“, која им помага на луѓето да се опорават после повреда на мозокот и мозочен удар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here