Илон Маск стана татко, а името на детето е главна тема на Твитер: “Како воопшто се изговара тоа?”

529

Илон Маск доби син – 48-годишниот милијардер ја сподели среќната вест на својот Твитер профил и им открил на следбениците дека неговата девојка Грајмс и бебето се добро.

На прашањето за името на детето, Маск ги изненадил следбениците со одговор дека бебето се вика X Æ A-12 Маск, а името стана главна тема на социјалните мрежи.

“Како воопшто се изговара тоа?”, “Наставниците ќе го мразат”, “Секако дека го нарекол детето по некој робот”, “Се шегуваш, така?”, се само дел од коментарите под објавата на Илон.

“Илон Маск и пејачката Грајмс се родители на момче, нејзино прво дете и негов шести син, кој го нарекле X Æ A-12 Маск. Квинтесенција (Æther) е петтиот елемент. Тој ги поврзува 4-те класични елементи: вода, оган, земја и воздух. Тоа е најсилниот, најмоќниот елемент”, напишал еден Твитерџија, но Илон сè уште не го потврдил (ниту објаснил) значењето на името на бебето.

Инаку, Грајмс претходно објаснила дека ќе дозволи детето само да си го одреди полот.

“Неговата приватност мора да биде заштитена бидејќи станува славна личност без сопствена согласност. Не сакаме да го означиме со одреден пол ако не се чувствува така низ животот”, објаснила Грајмс за тогаш сè уште нероденото дете.

Тогаш открила и дека таа и Маск веќе одбрале име, но не сакала да го сподели со јавноста бидејќи е “премногу авангардно”. Пејачката рекла дека сите блиски луѓе на кои им ја откриле тајната рекле дека името е ужасно, но заклучила дека тие не се способни да ја ценат посебноста на истото.