Предизвикал пожар заварувајќи ограда на Зајчев рид

0
47

Скопската полиција во попладневните часови на 21 март добила пријава за пожар кој зафатил сува трева и нискостеблеста шума на Зајчев рид, во близина на Хидрометеоролошкиот завод.

На местото на настанот полицајците затекнале 78-годишен скопјанец кој им објаснил дека заварувал ограда, при што од искрите настанал пожарот, кој не успеал да го изгасне.

Пожарот бил изгаснат од бригадата за противпожарна заштита, дваесетина минути по пријавата. Полицијата работи на расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here