Џорџ Клуни застана во одбрана на Меган Маркл, нејзината состојба ја спореди со онаа на Дајана: “Сите знаеме како заврши таа ситуација”

0
49

Џорџ Клуни се огласи во врска со Меган Маркл и нејзиниот статус во медиумите. Глумецот нејзината ситуација ја спореди со ситуацијата во која беше принцезата Дајана и кажал за медиумите дека премногу ѝ прават притисок на војвотката од Сасекс.

“Таа е бремена жена, ја прогонуваат и притискаат на ист начин како што некогаш ѝ правеа на Дајана. А, сите знаеме како заврши таа ситуација”, рекол Клуни мислејќи на сообраќајната несреќа во која почина Дајана. 

Тој исто така откри дека можеби ќе му биде кум на бебето на Меган кое треба да се роди во април. Потоа се пошегувал додавајќи дека и самиот има премногу обврски секојдневно.

Меѓутоа, Клуни не е единствениот кој застана во одбрана на Меган. Имено, пет жени од кругот на пријатели на Меган одлучиле да проговорат за целокупната ситуација за магазинот People.

“Меган молчеше и трпеше многу работи, не се огласуваше и не реагираше на лагите. Се плашиме дека ова може да ѝ наштети неа и на нејзиното бебе. На никој не треба да му се приредува толку стрес, особено не ако станува збор за бремена жена”, рекле тие.

Една од пријателките додала дека Меган и покрај славата и мажењето за принцот воопшто не се променила.

“Неодамна ја посетив во палатата, кога Хари беше отсутен неколку дена. Најде простор за мене, бевме сами во куќата, јадевме се смеевме и пиевме чај. Надвор врнеше дожд и беше калливо поради што кучињата влегуваа дома валкани. Меган ги чистеше со крпи и говореше колку многу ги сака животните, пријателите и колку сака да се грижи за сите околу неа. Тоа е нешто што отсекогаш било така, никогаш не се промени”, рекла пријателката на Меган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here