Летните деца се чувствителни, горди и лесно заљубливи

948

Луѓето кои се родени во лето се исклучително специфични луѓе. Тие често имаат промени на расположение кои не мора да бидат предизвикани од некоја конкретна причина. Покрај тоа, тие поседуваат неколку контрадикторни карактеристики.

Тие се многу чувствителни, но понекогаш и многу импулсивни. Тие почесто избувнуваат и се нервираат, а и се лесно заљубливи. Горди и одважни, тие речиси никогаш не се откажуваат од своите цели, а и прилично се сексуално активни.

Луѓето родени во лето се добродушни, несебични, талентирани и лојални пријатели. Многу од нив се и религиозни. Во спортот можат да постигнат големи успеси, но не се снаоѓаат најдобро на лидерски позиции.

Како поединци постигнуваат големи успеси на работа благодарејќи на тоа што се вредни, иако највеќе им лежат општествените науки и уметноста. Често менуваат работни места и лесно влегуваат во конфликти.

Едно ново истражување спроведено на Кембриџ покажало дека бебињата родени во лето  се потешки, но и дека кога ќе пораснат најчесто се високи и генерално поздрави. Се претпоставува дека ова е поради тоа што во последните месеци од бременоста, жените се поизложени на сонце и витамин Д. За девојчињата родени во овој период карактеристично е тоа што доцна влегуваат во пубертет.