Водителката Јована Јеремиќ ја издаде: „Тања Савиќ беше во тајна врска со зафатен политичар“

87

Водителката Јована Јеремиќ во емисијата „Папарцо лов“ откри дека Тања Савиќ била во тајна врска со млад, босански политичар.

Водителка сега откри повеќе детали за наводната афера на пејачката.

„Слушнав дека еден млад политичар бил во тајна љубовна врска со Тања Савиќ“, изјави Јована.

„Не е од Србија, од Босна е“, додаде водителката и ја заинтрегира јавноста.

Таа не запре тука, па откри уште детали.

„Се тоа се случи на Јахорина додека тој беше во врска со друга жена, но пукна тиквата кога политичарот започна трета врска. Летна авантура“, објасни водителката.

Тања Савиќ не се огласи по повод овие пишувања.

За потсетување, пејачката се најде во центарот на вниманието кога претходната година нејзиниот сопруг без нејзино знаење ги зема децата и ги однесе во Австралија. Пејачката тогаш се огласи и откри шокантни детали од бракот со сопругот, па поднесе барање за развод и барање да добие старателство над децата и да ги врати во Србија. По една година, таа го доби сопругот на суд и ги врати децата да живеат со неа во Белград.

фото: Владимир Шпорчиќ/рас србија/јутуб/инстаграм/тања савиќ