Производствената фирма Џонсон Мети објави дека ќе намали 2.500 работни места во текот на следните три години како резултат на пандемијата на коронавирус.:Членката на FTSE 100 соопшти дека поради кризата намалена е основната добивка за 60 милиони фунти.
Профитот е намален за една четвртина, а Управниот одбор соопшти дека дивидендата ќе биде преполовена на 63 милијарди фунти, што е најниска цифра од 2015 година“.
Како резултат та тоа, произведувачот на катализатори се насочува кон годишна заштеда од 80 милиони фунти до крајот на 2023 година, што значи дека ќе бидат изгубени 2.500 работни места во наредните години.
Долгорочно, порастот на електричните возила ќе претставува предизвик за фирмата, која е специјализирана за катализатори за мотори со класично согорување.
Главниот извршен директор Роберт МекЛод рече дека „Ковид-19 му донесе невидени предизвици на светот и на Џонсон Мети“.
„За време на оваа пандемија, се обидовме да ги балансираме потребите на сите наши засегнати страни, но наш прв приоритет е здравјето и безбедноста на нашите луѓе, клиенти, добавувачи и заедници каде што работиме“, рече тој.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











