Педро Алонсо освои многу женски срца со својата улога на Берлин во хит-серијата „La Casa de Papel“. Но, срцето на славниот шпански актер успеа да го освои убавата Србинка Татјана Џорџевиќ, чие уметничко име е Tixie Jambass.
48-годишниот актер посветено го чува личниот живот далеку од очите на јавноста, но не и врската со Татјана. Тие за првпат зачекорија како пар на црвениот тепих на јавен настан во јуни минатата година.




Педро и Тикси се запознаа на почетокот од 2019 година во Париз, каде што таа во моментов живее и работи како хипнотерапевт. Оттогаш се неразделни. „Кога ја запознав Тикси, во себе почувствував некоја збунетост. Почнавме спонтано да разговараме, без да кокетираме, а на крајот ѝ го дадов телефонскиот број за да ми се јави“ – открил тој.
„Со Татјана заедно твориме и така нашите дела ги потпишуваме со заедничкото име Magü“ – вели Педро.



Педро има едно дете – 12-годишната ќерка Уријел. Се шпекулира дека тој бил еднаш во брак и дека е разведен, но тоа сè уште не е официјално потврдено.
Фановите на парот создадоа романтично видео од нивни заеднички моменти:








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













