Џенова го загуби последниот натпревар во Серија А, а нивната позиција на табелата е критична и води кон Серија Б, затоа клубот донесе низа мерки.
Прво, го отпуштија тренерот Маран, а деновиве треба да се знае и името на привремениот тренер, кој ќе се обиде да ја извади Џенова од калта.
Серијата за Џенова без победа е тешка, цели 12 меча немаат победа, сето тоа водеше кон отказ на тренерот Роландо Маран.
Според последните информации од Италија и тамошните таблоиди, можен наследник на Маран е Давид Балардини, кој претходно беше дел од Џенова.