Две родилки заразени со корона вирус, се породиле на скопска Гинекологија, едното бебе починало

675

Се работи за родилки од Куманово и од Охрид, а бебето на едната од нив, за жал починало, но не е позната причината за смртта..

Неофицијално, тие во Клиниката дошле со симтоми на вирусот.

Од Министерството за здравство во изминатиот период најавија дека само тешките случаи на бременост и породување ќе се извршуваат на Клиниката за гинекологија, каде меѓудругото, ќе се примаат и родилки со корона вирус..

Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир..