(ВИДЕО) Петре Шилегов се караше со пожарникарите пред новинари: Ако си одите, ќе примиме други!

404

-Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате, засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, им рече Петре Шилегов на пожарникарите пред медиумите во моментот кога тие побараа повисока плата од 18.000 денари.

Шилегов вчера имаше средба со пожарникарите, а потоа одржа прес-конференција во дворот на Станицата на Противпожарната бригада во населбата Автокоманда. Градоначалникот порача дека работната група го работи текстот и законот што треба да стапи на сила 2021 година. Исто така, тој појасни дека  не станува збор за недостаток на волја, туку станува збор за недостаток на законски основ за да може да се исплаќа платата така како што бараат пожарникарите.

– Ви плаќам сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден, рече Шилегов и ги праша дали би си заминале од функцијата ако добијат понуда за 40.000 денари на друго работно место.

Инаку скопските пожарникари вчера одржаа предупредувачки протест со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа, а денеска беше средбата со градоначалникот.

– Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство, коишто треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата, рече подоцна Шилегов.