Две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња во Скопје

1284

Две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во Скопје. И двата случаи се пријавени во Полициската станица Аеродром.

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Д.(38) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ” нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Другиот случај е пријавен во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, од Д.М.(33) од Струга кој кажал дека под Железничка станица Скопје, на паркинг просторот бил каснат од куче скитник