Двајца работници тешко повредени во кругот на фабриката „Железара“

355

Во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ синоќа околу 22 часот со тешки повреди биле донесени двајца работници од приватна фирма.

Како што соопшти МВР, М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, се здобиле со тешки телесни повреди, откако се откачила приколката од камион при истовар на песок.

По укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД СКОПЈЕ