Колекционерот на уметнички дела, Фостер Фен од Санта Феа, пред неколку години бил во центар на внимание на светската јавност, бидејќи изјавил дека сокрил богатство вредно помеѓу еден и три милиони евра.
Тој во 2010-та година, кога САД бил погоден од светската економска криза, некаде на Карпастите планини на запад од Северна Америка, сокрил богатство со непроценлива вредност.
Во ковчегот се наоѓаат златници, дијаманти и смарагди, а во зависност од проценувачите, сите скапоцености се вредни од еден до три милиони евра. Богатството се наоѓа некаде во близина на Санта Феа во сојузната држава Ново Мексико.
Некогашниот угледен воен пилот од Виетнамската војна, а сега колекционер и трговец на уметнички слики, одлучил да го сокрие богатството и на некој да му овозможи да се збогати поради тоа што во 2010-та година успешно се излекувал од рак на бубрезите.
Во своите мемоари тој напишал и пoeма, која што барем според неговите зборови, ги крие трагите кои што би помогнале да се пронајде богатството.
Here is the Forrest Fenn poem. pic.twitter.com/eDV82Nw9zf
— The Philter (@Philthetrench) June 2, 2016
Покрај тоа, засега никој не се пријавил дека успешно го пронашол богатството, така што истото и понатаму стои закопано некаде на Карпастите планини.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



