ДОПОЛНИТЕЛНИ 500.000 КИНЕСКИ ВАКЦИНИ ЗА СРБИЈА

605

Дополнителни 500.000 дози кинески вакцини од компанијата „Sinopharm“ синоќа пристигнаа во Србија.

Премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорката на Кина, Чен Бо ја пречекаа пратка на аеродромот во Белград.

Брнабиќ ѝ се заблагодари на Кина за донацијата.

„Денес, кога го дочекуваме овој контингент, значи дека имаме милион и пол вакцини „Sinopharm“ – рече таа.