Десетмина повредени при напад во Манчестер

749

Најмалку десет лица се повредени при оружен напад во англискиот град Манчестер. Според агенциите, тие се хоспитализирани по пукањето кое што се случило во квартот Мос Сајд по полноќ.

Вооружени полицајци од станицата во Манчестер биле повикани да интервенираат во 2.30 часот во неделата и откриле дека неколку луѓе биле повредени. ,,Повредите се движеа од мали до големи, но повеќето не изгледаа како опасни по живот”, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот, поради што имало многу луѓе.

Полицијата се обидува да утврди каде точно се случил овој инцидент и кој е одговорен за таков опасен напад.

,,Се пребарува областа се пребарува и испитува, додека ние се обидуваме да разговараме со колку што е можно повеќе луѓе за да ги добиеме сите факти”, информираат од полицијата и додаваат:

,,Оние што живеат или ќе ја посетат областа сигурно ќе бидат загрижени од овој инцидент и ќе имаме дополнителни офицери кои патролираат низ областа во текот на утрото и во наредните денови”.

Снимки од последиците од инцидентот се појавија на социјалните мрежи, на кои може да се види како полицијата им помага на преплашените граѓани.