Kitty Hawk е компанија на ко-основачот на Google, Лери Пејџ, а се наоѓа во Лас Вегас каде што може да се тестира најновиот Flyer.
На летечкиот автомобил Flyer оваа компанија работи веќе подолго време, а пред јавноста беше презентиран на почетокот на оваа година. Тоа што е интересно е што иако многумина го нарекуваат летечки автомобил, Flyer всушност повеќе потсетува на дрон.
Сепак, тоа по што се разликува од досега бројните претставени концепти на летечки автомобили е тоа што Flyer на Kitty Hawk е всушност – функционален.
Токму во тоа се увери и познатиот Јутјубер и инфлуенсер, Кејси Нејстат кој што направи видео со летечкиот автомобил Flyer.

Flyer тежи 113 килограми и во воздух го подигаат 10 пропелери. Брзината засега е ограничена на 9,5 километри на час, а вградените батерии овозможуваат лет од околу 20 минути. Flyer сепак е далеку од дозволата за летање на јавен простор, но кога ќе биде набрзо пуштен во продажба, од Kitty Hawk проценуваат дека неговата цена ќе биде во рангот на електричните автомобили.
Управувањето со Flyer е прилично едноставно и може да се научи за само 90 минути, по што секој ќе може да управува со летечкиот автомобил.