Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа ќе изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), поевтинуваат за 1,50 ден/лит, во 30.01.2025 година и со тоа, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 44,672 ден/кг.













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-100x70.jpg)

