Елена Велевска со понуда до фановите за „блиска средба“, тие и возвратија со „непристоен предлог“ (ФОТО)

124

Дефинитивно, карантинот прави чуда…  Она што никогаш не би ти паднало на ум или не си имал време да го правиш, кога си во изолација ти доаѓа да си кажеш: „Сега му е мајката…“  Од домаќинлук до билдање популарност. На секој од нас му текнува нешто со што ќе ја разбие монотонијата, ќе ја отепа досадата, а од друга страна, смета дека тоа нешто може да биде корисно, да му оди во прилог, да биде од полза… Или нему лично, или на тие околу него, а можеби на сите.

Особено моќна алатка станаа социјалните мрежи на кои можеш да направиш, изведеш, објавиш, споделиш… што ти душа сака. Така сите, така и пејачката…

Имено, Елена Велевска реши да биде што поактивна во карантинот, за времето побргу да и помине, а тоа што го прави да ја одржи во „кондиција“ нејзината кариера, а и самата да остане во конекција со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Меѓудругото, Велевска најпрвин на своите Инстаграм приказни им овозможи на нејзините фанови и Инстаграм следбеници да и поставуваат прашања, на кои таа кусо ќе им одговара.

Во меѓувреме,  атрактивната македонска фолкерка доаѓа до нова идеја, па до своите обожаватели има нова понуда, овој пат баеги присна:  Тие неа споделено видео со нејзина песна, таа ним за возврат – „блиска средба“.  Рокот, до 1-ви мај!

Во меѓувреме стигнуваат прашањата на фановите до згодната и сексапилна пејачка. И како што е редот, повеќето, се коментари, пофалби, комплименти за неа, нејзиниот иглед, песните кариерата, арно ама… Меѓу сите нивни прашања и нејзини одговори, доминира ЕДНО, кое периодично се повторува, па му доаѓа нешто како одговор на нејзината понуда за „блиска средба“ со фановите… само што е прашање, кое всушност е еден вид „непристоен предлог“ кој гласи: „Елена дали ќе се омажиш за мене?“

А Велевска, се’ уште недоразведена, прво беше фина и одмерена во одговорите.

Но откако сфати дека „брачната онлајн понуда“ нуди широк избор, пејачката како да го губеше трпението, па на оние што и онлајн ја побараа нејзината рака, на крај нервозно им одговори со прашање:  „Аман, што ви е?“  

Ништо… веројатно и тие имаат „карантински синдром“. Затоа едвај чекаме да го видиме резултатот од понудата на фолкерката за „блиска средба“ со среќниот обожавател. И ние и особено оние што ќе одговорат на нејзиниот предизвик, па секој од нив со душа ќе чека и стрепи да дознае, дали токму ТОЈ е најголемиот среќник!? А дотогаш, снимај, постирај и ќути – трај… до 1-ви мај!