Детали за вооружената престрелка пред ТЦ Лептокарија

1237

Престрелка меѓу два автомобили во движење вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Карпош 3. Како што соопшти полицијата, нешто пред 19 часот биле пријавени пукотници на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Лептокарија.

Од полицијата велат дека до овој момент нема пријавено повредени лица, а на терен, екипите кои веднаш излегоа на увид освен чаури од испуканите куршуми не нашле траги на крв.

Вистинска среќа е што нема повредени ниту случајни минувачи со оглед на тоа што се пукало во непосредна близина на автобуската станица која во тој момент била преполна со ученици кои се враќале дома по наставата.

Се уште нема информации за учесниците во престрелката.