Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски си ја отвори душата пред новинарите. Кажа дека е за строги мерки и дека е за ред и дисциплина, бидејќи пред да дојде да работи во здравството бил вработен во поранешна ЈНА каде се знаело што е ред.
Јас сум член на Комисијата за заразни болести од 1994 година. Во континуитет 26 години. Во текот на целиот тој период, во комисијата биле исклучиво професионалци. Професионалци од областа. Дури и кога на власт била другата политичка партија, јас сум бил член на Комисијата. Зошто? Затоа што сум професионалец, вели тој.
Второ, бевме обвинувани дека добиваме големи пари. Дека за ситни пари се продаваме и дека сме мафијаши. Јас и мојата фамилија, ниту некогаш сме биле, ниту некогаш ќе бидеме мафијаши, ниту ќе бидеме корумпирани. Најмалку не се продаваме за ситни пари како што некој сака да не прикаже.
Караџовски вели, не дозволувам некој да си игра со нашите фамилии со навредите вперени кон мене и комисијата. Не давам влакно да и фали на комисијата. Таму има професионалци со 30 години искуство. Таму има луѓе кои имаат свои семејства и не дозволуваме некој да не прави мафијаши и корумпирани. Ми кажаа дека имам баснословни пари. Имам автомобил, ене го онде паркиран, кој е стар 18 години. Имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше.
Нека покажат доказ со потпис од овој господин овде, министерот за здравство Филипче, дека ми има потпишано мене или на комисијата да добиваме екстра пари. Нека дојде меѓународна комисија тоа да го провери. Ама не дозволувам ни јас за себе, а ниту за сите овие луѓе тоа да се збори. Ние сме поштени како солза, категоричен е Караџовски.
Сте прочитале во медиумите какви се наслови има извадено, министерот Филипче, мафијата на Заев и доктор Караџовски со нив.
Ако некој треба да поднесе оставка треба да поднесат оставка тие што бараат оставка од мене. Ако мислат дека се толку способни. Па не се способни, нека дојдат до мене па нека ми кажат дека се поспособни од мене, смета Караџовски.
Караџовски потенцираше: Ние сме направиле 132 состаноци. Имаме аргументација од 250 страни. Сето тоа го има во протокол и се чува на три места некој да не ми го украде и да ми рече не сте во право со тоа што го говорите.