Денеска сончево со мала до умерена облачност

717

Сончево со мала до умерена облачност поголема во планинските региони. Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а  максималната од 4 до 13 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засолен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер (до 60 км/ч) најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во деновите до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно и суво време, повремено со подолги сончеви периоди. Наутро ќе биде студено, а на средината на неделата понекаде утринска температура ќе биде пониска од -10 степени.