ДАНЕЛА АРСОВСКА ЈА ПРЕЗЕДЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ВО СКОПЈЕ, ШИЛЕГОВ ЈА ПРЕЧЕКА СО ЦВЕЌЕ

1080

Данела Арсовска денеска ја презема градоначалничката функција од досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Шилегов ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.

Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје на сакаше да дава изјави, рече дека во среда ќе има брифинг со новинарите.

Шилегов на заминување кажа дека ја запознал Арсовска со основните работи важни за функционирањето на Градот.

„Останува избор на госпоѓа Арсовска што е тоа што е започнато ќе го продолжи. Дел од работите се сериозно започнати, во поодмината фаза се и тие заради законските прописи мора да бидат продолжени. Што од завршената проектна документација ќе биде продолжено зависи од Арсовска“, кажа Шилегов.

Арсовска на локалните избори  настапи како независна кандидатка  поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и освои околу 28.000 гласови повеќе од досегашниот градоначалник Шилегов.