Пукање во Скопје попладнево: Ранет е полицаец кој заврши во болница- еве ги деталите

1149

Во СВР Скопје денеска е пријавено дека во 17:00 часот на улицата „Методија Митевски“ пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.