Глас за Македонија поднесе претставки за референдумски поткуп

1240

За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до

Јавниот Обвинител на РМ;

Државната Изборна Комисија (ДИК);

Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК);

Transparency International – Macedonia

Мисијата на ОБСЕ-Скопје

Поздрав

Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, сите граѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме.