Освен што таканаречената сина светлина го лаже вашиот мозок дека е ден, а со тоа и го буди, во исто време го блокира и природното лачење на лептин и ви создава чувство на глад.
Поради ова, уште еднаш се потврдува дека сината светлина која потекнува од електронските уреди лошо влијае на здравјето и дека треба да спиете во мрак.
Кога очите ви се вперени во вештачка светлина, во темна соба, слабее и создавањето на мелатонин и се нарушува биолошкиот циклус.
Како последица на ова ќе се појават главоболки, несоница, заслабнат вид, намален имунитет, лошо памтење, но и се зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања.

Затоа, воведете си строго правило кое ќе го почитувате – по гаснење светло, нема допирање на мобилниот телефон.
За да се ослободите од оваа навика потребно е мобилниот телефон да го оставате далеку од себе, па дури и во друга соба. Доколку ви е потребен будилник, набавете си часовник со аларм.
На овој начин ќе се спасите од лошата меморија и слабата концентрација, но и сигурно ќе го подобрите квалитетот на сонот и конечно ќе се будите поодморени наутро.
Најдобро од сè е што природното лачење на лептин ќе се одвива непречено и ќе бидете помалку гладни кога ќе се будите наутро.
На некој начин, со исклучување на мобилниот телефон пред спиење, вие всушност внимавате и на својата витка линија.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















