Д-р Лазаров: Направете си залиха на заштитни маски, оти наесен пак ќе им скокне цената

78
Со оглед на цените на заштитните маски и останатата опрема, и колку само нè пљачкаа есеноска, а верувам дека и нареднава есен, сега е вистинскиот момент за правење мала залиха, напиша д-р Лазаров на Фејсбук.

Сега е вистинскиот момент за правење залихи со заштитни маски во пресрет на есента кога веројатно повторно ќе скокнат цените, апелира матичниот лекар Ненад Лазаров.

Тој вели дека сега е ниска цената на заштитните маски, па затоа луѓето треба да си направат мала залиха која ќе им биде потребна за во есенските месеци.

„Со оглед на цените на заштитните маски и останатата опрема, и колку само нè пљачкаа есеноска, а верувам дека и нареднава есен, сега е вистинскиот момент за правење мала залиха“, напиша д-р Лазаров на Фејсбук.