Од идната недела сертификати со примени вакцини за патување во ЕУ

714

Од  идната недела се очекува да бидат готови сертификатите со електронски код со податоци за примените вакцините, со кои што граѓаните ќе може да се патува во европските држави.

Како што денеска најави министерот за здравство Венко Филипче сертификатот ќе биде со електронски код, а покрај податоците за примените две дози вакцина, ќе има податоци и за  негативен ПЦР тест не постар од 72 часа како и  податок за антитела кај лицата кои го прележале вирусот.

-СО ОВИЕ СЕРТИФИКАТИ ШТО ЌЕ ГИ СОДРЖАТ ТРИТЕ ПАРАМЕТРИ, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА  ВО КОЈА БИЛО ЕВРОПСКА ЗЕМЈА- ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ.

Што се однесува пак за граѓаните кои што во Србија се вакцинираа, Филипче кажа дека во комуникација се со српските колеги, од каде што се чекаат податоци за граѓаните што примиле вакцина таму, за да може ревакцината да ја добијат во Македонија.

-Но ако станува збор за „Астра Зенека“, која кај нас не се дава на лица под 60 години тогаш ревакцината ќе ја примат во Србија –вели Филипче.

Во однос на испораките на вакцини, министерот најави дека се очекуваат 500 илјади дози „Синовак“ на почетокот на јуни, 100 илјади дози „Фајзер“ преку Ковакс.