Цунамито во Индонезија покоси бенд на концерт – еден член загина, а тројца се исчезнати

770

Смртоносно цунами вчера вечер ги погоди островите Јама и Суматра во Индонезија при што загинаа најмалку 222 луѓе.

На едно од вознемирувачките видеа од катастрофата е снимен моментот кога голем бран го покосил бендот „Севентин“ кој имал концерт на плажата Танјунг Лесунг.

Фронтменот на бендот кој преживеал објави дека загинале менаџерот на бендот и басистот, додека тројца членови на бендот и неговата сопруга исчезнале.

„Молете се да ги пронајдеме Енди, Херман, Ујанг и мојата сопруга“, вели тој во потресно видео објавено на „Инстаграм“.