Црн хумор во Ирска: Клуб прогласи свој фудбалер за загинат, а тој – жив!

814

Аматерскиот ирски фудбалски клуб Балибрак е во центарот на вниманието на британската спортска јавност по гафот што досега е незабелажан во историјата.

Минатата недела клубот објави дека неговиот фудбалер Фернандо Нуно Ла Фуенте загинал во сообраќајна несреќа, враќајќи се од вечерниот тренинг. За тоа ја известил и лигата која дозволила следниот натпревар на тимот да се биде одложен, а дуелите на другите екипи почнаа со едноминутно молчење.

Излезе дека фудбалерот е жив, но заминат во татковината Шпанија, но неговиот тренер не го пријавил тоа на надлежните. Балибрак беше принуден да се извини преку медиумите, а раководството на лигата најави истрага.

„Голема грешка се случила во комуникацијата меѓу фудбалерите, стручниот штаб и раководството. Веднаш е одржан состанок на кој се разговараше за одговорноста за овој случај. Веќе го контактиравме Фернандо и, за среќа, тој е добар. Ние им се извинуваме нему и на неговото семејство за оваа грешка“, се вели, меѓу другото, во соопштението на ирскиот клуб.

Додека излезе овој заклучок, сите екипи од оваа земја изразија сочувство до Балибрак и до семејството на Ла Фуенте.