Чурлинов со деби погодок во дресот на Келн (ВИДЕО)

731

Еден од најдобрите македонски млади фудбалери Дарко Чурлинов го постигна првиот гол за сениорскиот тим на германскиот Келн.

Македонскиот репрезентативец доби шанса во второто полувреме на мечот со Фрехен кој Келн го доби со убедливи 7-1, а во 52. минута Чурлинов ја оправда довербата стрелајќи за во тој момент 5-0 за тимот од Келн.

Минатата сезона нашиот репрезентативец беше еден од најдобрите во младинскиот тим на Келн.

Голот на Чурлинов можете да го погледнете во 1:10:46.