Мајката на Пино тврди: Ме приведоа бидејќи извикував „Македонија” додека поминуваа возилата на НАТО

349

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо попладнево била уапсена, а потоа ослободена, бидејќи како што вели, на плоштадот во Скопје викала ,,Македонија, Македонија”, додека поминувале возила од НАТО.

,,Ме качија во комбе и ме однесоа во полициската станица Беко. Не сакаа да ми ја признаат италијанската лична карта која ја приложив за да се идентификувам. Мислеа да ме задржат, но откако дојде група на луѓе за поддршка пред полциската станица, решија да не ослободат. Констатираа дека нема кривично дело за кое може да не гонат или да сме сториле прекршување на законот”, вели Трпковска за ,,Макфакс”.

Од МВР претходно потврдија дека Трпковска, заедно Нестор Огинар и уште едно лице од иницијативата ,,Бојкотирам” биле приведени во полициската станица Беко. Извори од МВР за ,,Макфакс” велат дека групата била приведена поради нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се изведувала НАТО вежбата „Одлучен удар”

,,Попладнево додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“, три лица – Нестор Огинар, како и М.Т. и Д.Д. од ,,Бојкотирам” го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници, односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци”, велат од МВР.