Во Чикаго Лори Лајтфул била избрана за градоначалничка и таа е првата Афроамериканка на таа функција во третиот најголем град во САД.
“Со години зборуваат дека Чикаго не е подготвен за реформи. Ќе станеме подготвени, бидејќи реформата е тука”, рекла Лајтфул откако положила заклетва за стапување на должност.

Таа додала и дека ниеден службеник не би требало да профитира од својата функција, како и дека ќе изврши реформа на полицијата.
Лори Лајтфул, 56-годишна демократка, е поранешна американска сојузна обвинителка. Таа, исто така, е прва отворено декларирана геј личност на подрачјето на Чикаго.
Во текот на положувањто на заклетвата на бината се појавила со сопругата Ејми и ќерката Вивиен.



