Повторно ќе има покачување на цената на струјата

106

Мепсо нема да се откаже од покачувањето на струјата. Од компанијата велат дека  електричната енергија не е социјална мерка и покрај тоа што има субвенции за ранливи категории. Не се знае ниту дали зголемувањето ќе помогне да ги покријат сите потребни иневстиции на компанијата затоа што добиле минимално покачување иако побарале многу повеќе. Според директорката Шуклева не се знае ниту дали Мепсо идната година повторно ќе побара нов раст на цената. Електричната енергија во август поскапе за 7,4 проценти. Од регулаторна тогаш посочија дека ќе ја повлечат одлуката за зголемувањето само ако државните енергетски компании се сложат на таков чекор.

Освен  со повисоката цена на струјата на самиот старт на грејната сеозна скопјани проблеми имаат и со греењето. Од вчера граѓаните се со поладни радијатори.  Револтот го изразија и на социјалните мрежи. Велат дека  цела година плаќаат сметки, а кога ќе дојде време да се грејат радијаториоте се ладни. Од БЕГ пак појаснуваат дека редуцираното снабдување со топлинска енергија е поради ограничувањето на испораката на природен гас од Бугарија. Смируваат дека  намалената испорката нема да влијае на конфорот во домовите на потрошувачите.