Го извадила шалот од својот врат и со него го покрила бездомното куче кое се смрзнувало на улицата

0
42

Колку пати сте поминале покрај некое животинче кое се смрзнувало на ниските температури и не сте направиле ништо? Веројатно ви се случило барем еднаш во животот, но понекогаш едноставно немате како да помогнете.

Некогаш им давате малку храна и вода, а заминувате тажни бидејќи не сте можеле да направите повеќе.

Но, една девојка по име Дујгу Елма направила онолку колку што можела. Откако излегла од едно кафуле, таа здогледала куче кое се тресело од студ. Тоа пробувало да се сокрие под настрешницата од дождот, а Дујгу погодена од оваа глетка едноставно не можела да ја сврти главата и да си замине.

Таа го извадила шалот од својот врат и со него го покрила кученцето со цел да му пружи барем некаква заштита од студеното време. Ваквата сцена ја снимиле надзорните камери, а видеото веднаш станало вирално.

Се надеваме дека ќе гледаме повеќе вакви примери оваа зима и дека и другите луѓе ќе им пружат парче топлина на животните кои едвај го преживуваат студот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here