Четврт ден во самоизолација: Откриена е здравствената состојба на Ангела Меркел

766

Германската канцеларка Ангела Меркел е во самоизолација откако имала краток контакт со доктор кој бил позитивен на тестирањата за коронавирусот.

Како што пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на изјавата на портпаролот на германската влада Штефан Зајбер, шефицата на државата се чувствува добро и од својот дом ги врши телефонските повици со претставници на меѓународната заедница.

„Канцеларката е добро. Таа работи од дома и е во постојан контакт со сите членови на кабинетот и ги врши повиците од дома“, изјави Зајбер на конференцијата за медиуми.

Портпаролот повтори дека Меркел ќе изврши низа на тестови и додаде дека јавноста и медиумите постојано ќе бидат известувани за нејзината здравствена состојба.

Во понеделникот беше соопштено дека првиот тест на германската канцеларка на коронавирусот бил негативен.