Во 1987 година „Нешнл џиографик“ за најдобра фотографија ја избра сликата од хирург кој седи покрај операциона маса по 23-часовна операција. Како оваа глетка влијаела врз светот?
Постои добра причина зошто оваа фотографија била прогласена за најдобра. На неа докторот Збигњев Релига ги следи виталните функции на пациентот по 23-часовната операција на срце.
На десниот агол можете да видите како спие неговиот колега, кој му помагал за време на операцијата.
Докторот Релига е пионер во трансплантацијата на срце во Полска. Иако во тоа време се сметало дека овој вид хирургија е невозможен, тој ризикувал и операцијата била успешно завршена. Денес срцето на доктор Релига повеќе не чука (тој поч*на во 2007). Неговиот пациент живееше 30 години по операцијата. Тадеуш Зиткевис по*ина 2017 година.
Релига во 1987 година ја предложил идејата за трансплантација и добил зелено светло. Од тој момент не сакал да чека. Операцијата барала многу и траела 23 часа. Уморот е очигледен на неговото лице, а колку подолго ја гледате фотографијата, толку повеќе ќе забележите.
Кога Џејмс Стенсфилд ја направил оваа фотографија, не само што ја раскажал приказната за хирургијата туку и на некој начин го променил светот.
Го покажал другото лице на модерната медицина, дека е возможно да се постигне и невозможното. Тешко е, потребно е многу време и е исцрпувачко, но човечкото срце може да се пресади, и тогаш човек оздравува. Денес оваа операција е секојдневие за хирурзите, но помислете како било во 1987 година. Фактот дека пациентот Тадеуш Зиткевис го надживеал Релига е тестамент за успехот на овој хирург. Зиткевис поч*на 10 години подоцна од докторот.
Тадеуш Зиткевитс, пациент кој добил трансплантација на срце, по 25 години од операцијата, ја држи во раце фотографијата направена во 1987 кога му е извршена операција.