Часовникот на Рафаел Надал чини повеќе од три Lamborghini модели

752

Кога станува збор за скапоцените и луксузни часовници, тие не се непознат поим за популарниот тенисер Рафаел Надал.

Надал може да се пофали со еден од најуникатните модели на светот. Во текот на примањето на титулата на Роланд Гарос, вкупно единаесетта во кариерата, овој ас е забележан со ограничено издание на Richard Mille. Според Форбс, цената на овој часовник изнесува 725 илјади долари.

Моделот RM27-03 тежи само 20 грама, така што во никој случај не влијае врз сервисот на Надал или неговата динамика на движење на теренот.

Часовникот кој овој тенисер гордо го носи може да издржи удари до десет килограми, а компанијата произвела само 50 примероци од овој модел.

Надал го носел својот RM27-03 на турнирот УС Опен минатата година, но и покрај неговата висока цена, овој модел не е најскапиот часовник кој тој некогаш го носел. Пред три години, Рафаел носел модел од истиот произведувач кој вредел 775 илјади долари. Помеѓу некои од најистакнатите парчиња од неговата колекција се наоѓаат и модели во вредност од 525 и 690 илјади долари.

Часовниците на Richard Mille не му сметаат поради нивните неверојатно мали тежини, што е веројатно главен фактор за приврзаноста на тенисерот кон моделите.

“На почетокот имаше периоди на навикнувања и транзиции, па затоа моравме да соработуваме заедно со цел да ги прилагодиме моделите на моите раце”, изјавил Надал. “Чувството е како да немате ништо на рака, со еден збор овој часовник станува дел од мојата кожа”.

Следниот Гренд Слем турнир за Надал ќе биде Вимблдон, кој се одржува од 2-ри до 15-ти јули.