Златото допрва ќе поскапува, велат аналитичарите.
Минатиот месец златото достигна цена каква немало цели 4 години.
„Големата парична поддршка што ја гледаме сега помага да расте цената на златото. Без оглед на тоа што се зголемуваат ризиците, цената на златото уште е над 1.700 долари за унца, иако беше под притисок поради растот на берзите“, тврди аналитичарот на Commerzbank, Ојген Вајберг.
Од почетокот на април, цената на златото порасна за 9 отсто до 1.714 долари за унца.
Се очекува дека Федералните резерви на САД ги имаат задржано истите камати и така ќе остане некое време.
Според експертите, во иднина парично-кредитните стимуланси на Европската централна банка и на Федералните резерви најверојатно ќе ја зголемат побарувачката на злато.
Поради пандемијата цената на златото урива рекорди.
Можно е годинава златото да достигне цена од 3.000 долари за унца.













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)














