Путин само пред Паша паднал на колена: Го видовте кутрето кое од Србија се пресели во Кремљ, а ова се останатите миленици кои Путин ги добил од светските лидери

468

Рускиот претседател Владимир Путин како подарок од српскиот колега Александар Вучиќ го добил шарпланинецот Паша.

Ова е четврто куче кое Путин го добива на подарок од лидери на други земји. Рускиот претседател кој обожува животни, а посебно кучиња, веднаш “паднал на колена” пред Паша, кој му ги возвратил симпатиите и се препуштил на галењето.

Путин долго ја имал лабрадорката Кони, која била негово омилено куче. Таа живеела во Кремљ од 1999-та до 2014-та година, а претседателот Кони редовно ја водел и на своите дружења со колегите државници.

Својата миленичка ја донел дури и во салата за состаноци при средбата со Ангела Меркел, иако добро знаел дека германската канцеларка има паничен страв од кучиња. Многумина тоа го прочитале како “дипломатска игра во КГБ стил” и покажување на моќ.

Владимир Путин во 2012-та година добил и куче од расата акита од премиерот на Јапонија. Владимир Путин своето куче, кое се нарекува Јума, го повел при посетата на јапонската делегација минатата година, за да им покаже дека “кучето кое му го подарил Шинзо Абе пораснало”. Го претставил пред новинарите како свој чувар.

Рускиот претседател од туркменистанскиот колега Гурбангули Бардимукхамедов добил куче алабаја, кое го нарекол Верни. Средноазискиот овчар во резиденцијата на рускиот претседател се преселил во 2017-та година. Рускиот претседател не го криел воодушевувањето од овој подарок.

Премиерот на Бугарија во 2010-та година на Путин му подарил автохтон бугарски овчар, кој толку го разнежнил рускиот претседател, што не можел да престане да го прегрнува и гали, па дури и го бакнал кутрето на прес-конференцијата.

Цела Русија учествувала во јавното кумување на кучето. На крајот кучето бил наречен Бафи, по предлог на петгодишно дете.