Царовска: Мојот партнер добивал тендери и пред да бидам на функција, тој ќе продолжи да аплицира за истите

670
Таа потенцираше дека нема можност да влијае на одлучувањето во локалната самоуправа и дека и пред да биде на функција, фирмата на нејзиниот партнер склучувала договори за јавни набавки со државни институции.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на вчерашната прес-конференција oдговарајќи на новинарско прашање рече дека нема конфликт на интерес што фирмата на нејзиниот партнер склучила договор со Град Скопје вреден милион денари.

Таа потенцираше дека нема можност да влијае на одлучувањето во локалната самоуправа и дека и пред да биде на функција, фирмата на нејзиниот партнер склучувала договори за јавни набавки со државни институции.

– Согласно дефиницијата за конфликт на интерес тука не постои никаков конфликт на интерес и никаква можност за мое влијание во одлучувањето во локална самоуправа. Дополнително, сакам да ја известам јавноста дека и пред да имам каква и да е функција, тој со својата компанија добивал одредени јавни набавки коишто се транспарентни и електронски секој може да ги провери, од страна на државни и приватни институции. И понатаму ќе продолжи да си аплицира на истите – одговори министерката.